Новата Македонија на тест со Швајцарија

131

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го игра првиот од двата пријателски натпревари против Швајцарија во рамките на подготовките за претквалификациите за СП 2027 година. Мечот е закажан со почеток во 19 часот во салата „НБ Ноел“ во Негорски Бањи.

Селекторот, Марјан Илиевски со дуелите против Романија и Унгарија го почнува процесот на подмладување на националниот тим, кој требаше да се случи многу години наназад, но за жал никој немаше храброст да го направи тој храбар чекор.

Македонија се гради од ново, се поставуваат темелите. Нашата репрезентација во овој момент и повеќе неискусни и млади кошаркари отколку искусни, што пак никогаш не било случај. Иако овој процес ќе биде тежок, сепак сите и раководството на КФСМ и стручниот штаб се решени да го издржат стоечки и да испишат едно ново поглавје кога станува збор за националниот тим. Со трпение и поддршка на секој млад кошаркар можеме повторно да се надеваме на поубави денови во овој спорт.

Македонија првиот претквалификациски меч го игра на втори август во Куманово, за противник ја има селекцијата на Романија.

 

 

 

ПретходноВерстапен за можниот трансфер во Мерцедес: “Постои можност да не се разбудам утре, па нема возење!“
СледноВардар со победата над Лозана донесе нови рејтинг – поени за Македонија!