Новиот тренер на РК Пелистер:„Посакувам секој навивач да биде горд на нашата игра и резултати“

101

Новиот тренер на РК Пелистер, Рубен Гарабаха, веднаш по пристигнувањето ја имаше првата работна обврска во Битола. Со работен состанок и кратка тренинг сесија тој се претстави пред ракометарите, но и пред јавноста.

Ова е неговата прва изјава како тренер на македонскиот шампион:

Како играч имам големо искуство, но како тренер работам три години има уште многу да учам. Мислам дека го одбрав вистинското место, бидејќи и Е. Пелистер како клуб расте. Овој клуб има голем потенцијал и моја цел е да го искористам тој потенцијал на секој ракометар во услуга на тимот. Сакам секој навивач да биде горд на нашата игра и резултатипотенцираше Гарабаха.

Инаку тој откри дека дел иста тренерска филозофија со екс – тренерите на Вардар, Раул, Парондо, Дејвис:

Со Раул Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо, Давид Дејвис бевме соиграчи во Ваљадолид, клуб кој веќе не постои како таков субјект. Сите зборуваме за една филозофија и еден вид на интерпретирање на ракометот, бидејќи наш учител беше Хуан Карлос Пастор. Тој секогаш велеше дека во секој од нас се крие потенцијален тренер и поттикна да стигнеме до тренерска кариера.Македонското првенство е силно натпреварување, но наша цел е да победиме на секој натпревар и да ги освоиме сите домашни титули. Во Лигата на шампионите мое мото е да одиме натпревар по натпревар, но со интенција да победиме на секој од нивзаклучи Гарабаха.

ПретходноКостиќ: “Зошто да не изненадиме во Атина?!“
СледноВелковски: РК Алкалоид од година во година го подигнува нивото погоре!(ФОТО)