Откриена е конечната цена која Реал ја платил за реновирање на “Бернабеу“!

658
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Вкупно 1,4 милијарди евра е цената која Реал Мадрид ја платил за комплетното реновирање на “Сантијаго Бернабеу“. Ова го открива шпанскиот медиум “АС“. Сумата делува импресивно, но јасно е дека “кралевите“ во моментов го имаат најспектакуларниот стадион во светот на фудбалот.

Најново е тоа што е вградена посебна звучна изолација која чини 20-25 милиони евра. Со ова, иако нема гаранција, би се блокирала бучавата од стадионот кон околните места.

Јасно е дека реновирањето траеше долго, од објективни причини некои градежни зафати се пролонгираа, но сега кој ја имал таа можност да го види стадионот во Мадрид одвнатре и однадвор секако дека е воодушевен од тоа што го видел.

Без разлика дали сте фан или не на Реал Мадрид.

ПретходноНеверојатно: Ливерпул за Исак ќе мора да “искешира“ 300 милиони евра!
СледноМилинковиќ Савиќ е нов голман на Наполи