Што да се каже по она што се случи синоќа на Арената Тодор Проески. Само едно големо браво за Вардар и за тренерот Гоце Седлоски. Триумф во Европа и тоа против сериозен ривал како што е тимот на Лозана, во дуел од квалификациите за Лигата на Конференции е навистина за почит.
А кога на ова ќе се додаде и податокот дека Вардар е во серија од 21. меч без пораз на официјалните мечеви, е тука веќе имаме сериозна тема за дебата.
Како Вардар од тим кој што беше пред испаѓање и во опасната ПМФЛ зона, за само шест месеци стигна да освојува трофеји, и да биде сила во Европа, е тоа ќе треба да го објаснат „експертите“ кои го прогласија најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија за мртов, и оние кои го водат во моментов за тотално неспособни, некадарни и несоодветни за позициите кои ги држат.
Вардар нема пораз од 16.02.2025 година кога загуби на свој терен од Шкендија со 2:1, во рамките од ПМФЛ шампионатот. Оттогаш наваму, ниту еден тим не успеа да го совлада Вардар, ниту во шампионатот, ниту во Купот, ниту еве и во Европа.