И конечно се чини дека сагата заврши. Виктор Ѓокереш е нов член на Арсенал. Се разбира ако во следните 24 часа повторно нешто не се измени.
Како што пренесуваат релевантните медиумиу, секако и инсајдери, Спортинг Лисабон дал дозвола да се официјализира трансферот на фантастичниот напаѓач од Шведска во редовите на Арсенал.
Има договор меѓу двата клуба и отштетата изнесува 73.500.000 евра, тука се вметнати и бонусите.
Па така Ѓокереш утре патува за Лондон на лекарски прегледи, а потоа се знае официјален потпис и официјална промоција.
Со него Микел Артета добива тоа што со години му недостигаше, а тоа е екстра напаѓач.
На крај да кажеме дека Ѓокереш ќе го добие дресот со бр.14, дрес кој своевремено го носеше легендарниот Тиери Анри.