Резултатите кои ги постигнува Гоце Седлоски со тимот на Вардар во моментов, дефинитивно го ставаат сега веќе искусниот стратег во категоријата на најуспешни стратези кои го воделе „црвено – црниот“ состав во историјата.
За Седлоски ова е втор мандат на кормилото на Вардар, а во првиот секако се сеќаваме што се случуваше. Титули, Европа, и огромен буџет кој го овозможи сето тоа.
Сега ситуацијата е поинаква. Вардар се мачеше сериозно, Седлоски ризикуваше, го презема тимот кога беше најтешко, и успеа. Вардар повторно е онаму каде што му е местото.
Синоќа Вардар ја покажа својата класа. Триумф над Лозана во рамките од квалификациите за Лигата на Конференции и предност која што за седум дена во Швајцарија може да донесе нешто големо.
За Седлоски од друга страна ова е четврти тркумф како тренер на Вардар кога се во прашање европските купови. Летово се обесбедени две, Ла Фиорита и Лозана, а ако се додаде и ремито во Сан Марино, вкупниот скор е следен.
Четири победи, две ремија и три порази. Факт што вели дека Седлоски има позитивен скор со Вардар кога се во прашање мечевите во Европа.