Славниот Пирло си најде ангажман во второлигашки клуб во ОАЕ!

31
ФОТО: FC Juventus/FB

Звучи неверојатно, но вистина е. Имено славниот Андреа Пирло од денеска е нов тренер на Дубаи Јунајтед и тоа тим од Обединетите Арапски Емирати.

На прв поглед ништо чудно ако се знае дека Арапите даваат големи пари, имено чудно е тоа што овој клуб се натпреварува во втората лига во ОАЕ.

И дефинитивно каририерата на Пирло како тренер не е ни од далеку како таа играчката. Во свое време, кога играше за Интер, Јуве и Милан беше еден од најдобрите фудбалери во светот, ама како тренер никако не може да се докаже и покаже.

Да потсетиме дека како тренер на Јувентус, турскиот Фатих Караѓумруку и Сампдорија немаше никакви успеси и затоа добиваше многу брзо откази.

ПретходноСо овој дрес Јокиќ и другарите ќе атакуваат на златото на ЕП!
СледноФудбалер на Пелистер ги скина лигаментите! (ФОТО)