Нема дилеми дека Србија на претстојното ЕП во кошарка. Посебно сега кога се знае дека и Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот ќе игра за својата селекција.
Ќе има уште неколку екстра силни селекции, но четата на селекторот Светислав Пешиќ е главен кандидат за златото.
Денеска КСС го претстави и дресот, односно опремата со кој Јокиќ и другароте на ЕП ќе атакуваат на златото.
Искрено убаво изгледа, а еве го објаснувањето на КСС за тоа зошто се одлучиле на овој дизајн:
„Борбата и тимскиот дух се она што ги краси нашите кошаркари кои го носат репрезентативниот дрес со најголема гордост, а токму тоа ја инспирираше компанијата Најк при неговото изработка. Доминантните бои се сина и бела, со црвени детали, дизајнирани да го одразат националниот идентитет и заедништво“
изјавија од КСС и додадоа:
„Дизајнот ги комбинира модерните техники на производство со силен визуелен идентитет што ја одразува богатата историја на српската кошарка. Исто така, дресовите се изработени со технологија што обезбедува врвна удобност, воздухопропустливост и целосна слобода на движење, така што нашите репрезентативци можат да обезбедат најдобри резултати.“