Швајцарците „удрија“ по својот тим… Лозана се „стопи“ во пеколот во Скопје

638

Сосема очекувано, тимот на Лозана е „распнат“ што се вели во тамошната јавност по очајниот меч синоќа во Скопје, кога фаворитот од Швајцарија загуби од Вардар со 2:1.

Сега минувањето во следната фаза од квалификациите за Лигата на Конференции за Лозана е исклучително тешка задача, а јавноста таму бара објаснување што се случи.

„Лозана едноставно се „стопи“ во скопскиот пекол од „плус 35“ степени. Она што требаше да биде почеток на нешто добро летово, се претвори во кошмар за Лозана. Очајното прво полувреме одиграно во Скопје едноставно дојде на наплата“ – вели новинарот на 24 Heures, кој што патем во живо го следеше мечот во Скопје.

„Цели петнаесет години се чекаше Лозана повторно да биде дел од Европа, за да се случи ова во Скопје.  – кратко и јасно пишува новинарот на „ Blick“.

 

ПретходноНема одмор: Фудбалерите на Вардар одржаа утрински тренинг (ФОТО)
СледноОд Америка стигна потврда дали Јокиќ ќе настапи за Србија