Newsmax Balkans отвора студио во Скопје

107


По проширувањето на дописничката мрежа во регионот и отворањето на студија во Сараево и Подгорица, Newsmax Balkans од понеделник, 28 јули, започнува со работа и во Скопје, со ново дописничко студио во главниот град на земјата.

Во изминатите недели, гледачите имаа можност преку директни вклучувања на репортери од македонските градови да се информираат за актуелните случувања во земјата. Отворањето на студиото во Скопје ќе ја зајакне локалната покриеност и ќе овозможи подлабоко известување за темите што ги засегаат македонските граѓани.

Новото студио ќе се приклучи кон продукцијата на регионалната емисијаСтавот на регионот“, која ќе ги опфаќа најважните политички, економски и социјални прашања во земјата и регионот. Уредник и водител на емисијатаСтавот на регионотод студиото во Скопје ќе биде Предраг Кукиќ.

Емисијата ќе се емитува во работни денови од 19:30 часот и ќе се менува со регионалната емисијаСтавот на регионот: Подгорица“, која ја реализира тимот на Newsmax Balkans од Црна Гора.

Newsmax Balkans продолжува да ја проширува својата дописничка мрежа со цел да обезбеди навремени и квалитетни информации од целиот Балкан.

ПретходноЛеброн е во втор план, Лејкерси иднината ја градат околу Дончиќ
СледноКостиќ: “Зошто да не изненадиме во Атина?!“