Одлична изведба на кадетскиот тим на Вардар на турнирот во Фоча денеска. Избраниците на Влатко Гроздановски предмалку со 3:1 ја совладаа екипата на Црвена Звезда, во една од најдобрите изведби видени на досегашниот дел од турнирот.
По стартниот пораз од романскиот тим на Клуж, денеска вардаровите момци во целост го надиграа силниот и квалитетен противник кој на терен играше подредена улога.
Вардар прими гол од пенал, а наспроти тоа постигна три убави гола.