Ливерпул со посебен амблем на дресот во чест на Жота

112

Фудбалерите на Ливерпул ќе носат значка „Засекогаш 20“ на своите дресови и јакни оваа сезона во Премиер-лигата во спомен на нивниот поранешен напаѓач Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа во Шпанија пред три недели. Клубот, исто така, најави посебна комеморација во сабота, која ќе вклучува минута молчење пред првиот натпревар на Ливерпул во сезоната против Борнмут на 15 август.

Илјадници цвеќиња, шалови, транспаренти и други спомен-обележја беа положени пред Енфилд откако загинаа Жота и неговиот брат Андре Силва. Клубот соопшти дека тие биле отстранети во текот на изминатата недела и складирани, додека цветните спомен-обележја ќе бидат компостирани и искористени во цветните леи на локациите на клубот.

Останатите артефакти ќе бидат рециклирани и искористени за создавање трајна спомен-скулптура што ќе стане централна точка на сеќавање на Енфилд. Ливерпул веќе објави, по консултации со семејството на Жота, дека неговиот дрес со број 20 ќе биде повлечен од употреба на сите нивоа на клубот, вклучувајќи ги женските и академските тимови.

Навивачите можат да имаат отпечатено „Diogo J. 20“ на своите дресови во продавниците на клубот, а профитот ќе оди во Фондацијата LFC, официјалната добротворна организација на клубот. Фондацијата вети дека ќе создаде програма за мал фудбал во име на Жота.

Цвеќе ќе биде положено и пред почетокот на предсезонските натпревари во Хонг Конг, Токио и на „Енфилд“. Жота загина заедно со неговиот помлад брат, Андре Силва, фудбалер на Пенафиел, во сообраќајна несреќа на автопатот А-52 во шпанската покраина Замора.

ПретходноШакил О’Нил: Го мразам Гобер, не заслужува толку пари – го ценам само Јокиќ
Следно„Во Битола се навива како на фудбалски стадион“