Францускиот тенисер Корентин Муте го победи Данил Медведев во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во Вашингтон. Резултатот беше 1:6, 6:4, 6:4, а натпреварот беше прекинат еден час поради силни грмотевици и дожд. Францускиот тенисер влезе во ждрепката како „среќен губитник“, а сега го игра првото полуфинале во својата кариера над серијата 250.
Крајот на натпреварот беше интересен. Се играше долг поен, Медведев едвај стигна до една кратка топка, но не можеше да ја врати на теренот.
Ова целосно го налути Русинот, кој моментално е 14-ти играч во светот. Медведев прво го фрли својот рекет кон публиката. Откако му честиташе на противникот, продолжи со своето дивеење. Извади шише од торбата и го фрли на подот со сета сила неколку пати додека не се скрши.
Моментот можете да го видите ТУКА.