Митревски: Можеби не сме фаворити, но ќе излеземе на терен за да победиме на сите четири меча

140

Македонската кошаркарска репрезентација запиша победа на првата контрола во рамките на подготовките за претквалификациите за СП 2027 година. Лидер во редовите на младата Македонија беше Андреј Митревски кој постигна шест тројки против Швајцарија.

„Ова беше натпревар за да видиме до каде сме во моментов. Тренираме заедно две недели, да видиме како функционираме. Ни следува уште еден натпревар против Швајцарците, мислам дека имаме добра енергија во оваа млада екипа. Поставивме наше темпо и бараме многу трчање, па мислам дека заради тоа победивме. Нормално дека е тешко кога има ваква смена на генерации, ама работиме и тренираме за да ги наследиме оние што го трасираа патот. Секако дека имаме шанси во претквалификациите, иако можеби не сме фаворити, ќе излеземе на терен за да победиме на сите четири натпревари“, изјави Митревски.

Македонија денеска ќе одигра втор меч против Швајцарија (19 часот), но истиот ќе биде од затворен карактер. По овој дуел сениорите се селат во Скопје, по што ќе следи преселба во Куманово. На втори август е првиот меч, а против е селекцијата на Романија.

ПретходноМедведев загуби, а потоа беснееше: Скрши шише, го фрли рекетот во публика (ВИДЕО)
СледноШакил О’Нил: Го мразам Гобер, не заслужува толку пари – го ценам само Јокиќ