Шакил О’Нил: Го мразам Гобер, не заслужува толку пари – го ценам само Јокиќ

586

Легендарниот Шакил О’Нил повторно, по којзнае кој пат, ја омаловажи кариерата на францускиот центар Руди Гобер, но го пофали и српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Долго време не е тајна дека еден од најдобрите центри во историјата на кошарката „не го мириса“ Гобер, на кого сега отворено му кажа – дека го мрази.

„Го мразам Руди Гобер! Заработува 250 милиони, а не го заслужува тоа“, избувна Шек во својот подкаст.

Тој продолжи да го омаловажува четирикратниот добитник на наградата за најдобар дефанзивец во лигата. Дури и тој факт не му значи многу на Шек кога ја анализира играта на центарот на Минесота.

Но, О’Нил има сосема поинакво мислење за Јокиќ.

„Јокиќ е уникатен, тој е хибрид, може сè да направи. Затоа го ценам, но не ги ценам другите центри кои играат на тој начин. Руди Гобер заработува премногу пари за да игра така. Тој едноставно не се труди премногу.“

ПретходноМитревски: Можеби не сме фаворити, но ќе излеземе на терен за да победиме на сите четири меча
СледноЛиверпул со посебен амблем на дресот во чест на Жота