Вардар на турнирот во Фоча ја победи Црвена Звезда (ВИДЕО)

1149

Одлична изведба на кадетскиот тим на Вардар на турнирот во Фоча денеска. Избраниците на Влатко Гроздановски предмалку со 3:1 ја совладаа екипата на Црвена Звезда, во една од најдобрите изведби видени на досегашниот дел од турнирот.

По стартниот пораз од романскиот тим на Клуж, денеска вардаровите момци во целост го надиграа силниот и квалитетен противник кој на терен играше подредена улога.

Вардар прими гол од пенал, а наспроти тоа постигна три убави гола.

 

 

ПретходноЛандо Норис со пол позиција во Белгија
СледноЛитванија ги декласираше македонските јуниори на стартот на ЕП