Илиев со капитенска лента, чиста мрежа и победа за УТА Арад, Алчевски и Деспотовски немоќни на “Маракана“!

160
ФОТО: FC UTA Arad/FB

Уште еден добар настап на нашиот репрезентативен голман Дени Илиев на голот на УТА Арад во шампионатот на Романија. Денеска на свој терен тимот на Илиев успеа да победи со 1:0 и да освои големи три бода во елитната лига на Романија против Херманштад.

Треба да се каже дека Илиев денеска на овој меч ја носеше капитенската лента, а имаше и чиста мрежа.

Марко Алчевски ќе го памети своето деби во елитната лига на Србија. Македонскиот голман вечерва на “Маракана“ прими седум голови од моќната Црвена Звезда како чувар на мрежата на ОФК Београ. На крајт резултатот гласеше 7:1, а Алчевски успеа да го спаси својот тим од уште поубедлив пораз. Во неколку наврати фантастично одбрани неколку удари.

За гостите настапи и репрезентативниот дефанзивец на Македонија Стефан Деспотовски.

ПретходноИвановски: Сите имаме напредок, Алкалоид високо цели во новата сезона
СледноКаков удар за Дон Флорентино: Арсенал ни за 100 милиони евра не сака да му го продаде Салиба на Реал!