Каков удар за Дон Флорентино: Арсенал ни за 100 милиони евра не сака да му го продаде Салиба на Реал!

85
ФОТО: FC Arsenal/FB

Се чини дека не секогаш Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот, си го зема тоа што мисли дека му приапаѓа. Веќе со месеци се шпеклура дека една од трансферните цели на Чаби Алонсо ова лето е Вилијам Салиба, дефанзивецот на Арсенал и член на селекцијата на Франција.Овој стопер важи за еден од најдобрите во светот.

И кога е така, а така е, тогаш нормално е “кралевите“ да го посакуваат во своите редови.

Сепак Арсенал, а посебно стратегот Микел Артета не им паѓа на памет да го продадат Салиба во Реал па макар и за 100 милиони евра.

Него договорот со тимот од “Емирејтс“ му истекува во 2027 година, а Арсенал веќе има понуда до Салиба за продолжување на истиот.

ПретходноИлиев со капитенска лента, чиста мрежа и победа за УТА Арад, Алчевски и Деспотовски немоќни на “Маракана“!
СледноМарјан Илиевски: „Ме радува енергијата и хемијата во репрезентацијата“