Литванија ги декласираше македонските јуниори на стартот на ЕП

135
Фото: КФСМ

Македонската машка кошаркарска репрезентација доживеа дебакл на отварањето на Европското првенство во Белград. Иако беше познато дека Литванија е голем фаворит, сепак не беше за очекување дека „црвено-жолтите“ ќе бидат целосно надиграни и деградирани. Литванците го добија мечот со 137-62.

Се беше решено за кратко време, Литванија ја доби првата четвртина со 33-15, а на одморот замина со позитива од 59-30. Селекторот, Горан Андреевски немаше во раковот против игра за да го сопре големиот дебакл. Литванија немаше милост го полнеше кошот на Македонија, во третиот период постигна 42 поени, наспроти нашите 17.

Јаничиќ со 21 поен беше единствениот македонски кошаркар со двоцифрена бројка на погодоци.

Нашата репрезентација следниот меч го игра утре против Грција, дуелот стартува во 13:30 часот.

ПретходноВардар на турнирот во Фоча ја победи Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноФК Скопје посилен за Атанасијевски, Горгиовски и Подграџа