ФК Скопје посилен за Атанасијевски, Горгиовски и Подграџа

726

Екипата на Скопје летово претрпе доста измени. И тоа на подобро. Има нов шеф на стручен штаб во името на Александар Таневски, кој веќе неколку дена работи во Автокоманда.

Секојдневно се приклучуваат мови имиња, засилувања за следната сезона, а од една од најстарите скопски населби денеска ни пристигнува информацијата за три новитети.

Млади играчи полни со самодоверба, желни за докажување. Тоа се во прв ред, Константино Алекс Горгиовски којсе враќа во Македонија по излетот во Нов Зеланд.

Следува Алмир Подграџа кој што е дете на Работнички и кој исто така е квалитетен млад фудбалер, за да се финишира, барем што се однесува до денешниот ден со Александар Атанасијевски од Македонија ЃП.

Во следните неколку дена се очекуваат уште доста новитети од Автокоманда, кои пријатно ќе ја изненадат јавноста. „Пиратите“ се враќаат на сцена…

 

ПретходноЛитванија ги декласираше македонските јуниори на стартот на ЕП
СледноЧуквума Абакуезе е новото засилување на Тиквеш (ВИДЕО)