Аморим им дава позитивни сигнали на „отпишаните“

187

Очигледно дека тимот на Манчестер Јунајтед мака мачи да се ослободи од играчите кои на стартот на летото дефинитивно беа отпишани и им беше кажано дека можат да си побараат нова средина.

Тоа пред се беа Санчо, Гарначо, Антони и Тајлер Маласија. Сериозни играчи со огромни договори кои очигледно дека имаат тежок проблем да пронајдат нова средина, пред се поради платата.

Е сега, како минува летото, во таборот на Јунајтед очигледно дека омекнуваат на оваа тема, па менаџерот Рубен Аморим, преку изјава едноставно им пораде рака на четворицата отпишани.

„Некои играчи треба да најдат ново место за да имаат повеќе шанси да се појават во тимот. Други јасно ни покажуваат дека сакаат нов предизвик во нови клубови. Ние едноставно им даваме време да размислат и да одлучат. Ако стигнеме до точка каде што треба да се приклучат на тимот, тие ќе се приклучат затоа што се наши играчи“, рече Аморим.

ПретходноРаботнички пеколните скопски горештини ги поминува на базен
СледноТордарсон: Работам со Лазаров, и играм во држава која е ракометна