„Во Битола се навива како на фудбалски стадион“

250
Фото: Е.Пелистер/Фејсбук

Бранителот на титулатаа, Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона. Во битолскиот состав има нови шест ракометари и нов тренер. Сите тие заедно со останатите ракометари имаат една цел – да донесат нови успеси.

Еден од нив е Саид Хаидарирад. Искусниот ирански голман е запознаен со историјата на тимот, а веќе добро се познава и со дел од ракометарите.

„Сакам да се заблагодарам на клубот кој ми ја понуди оваа можност да потпишам за Пелистер. Гледав многу натпревари минатата сезона, знам дека тука се навива како на фудбалски стадион и многу навивачи секогаш се со нас, Едвај чекам да ја почувствувам таа страст.
Тука сум да ги подобрам перформансите на тимот. Веќе играв во Лигата на шампионите, пет сезони за Динамо Букурешт, и со нетрпение го чекам почетокот на новата сезона. Знам многу мои нови соиграчи од претходно, Го знам Никола Митревскки, секогаш бевме ривали, и во Португалија и во Романија. Се знам со Богдан, Усама, ги знам сите останатите ракометари од настапите со репрезентацијата. Многу добро сум примен и пресреќен сум што сум тука“, изјави иранскиот голман. 
ПретходноЛиверпул со посебен амблем на дресот во чест на Жота
СледноРаботнички пеколните скопски горештини ги поминува на базен