Ивановски: Сите имаме напредок, Алкалоид високо цели во новата сезона

85

Мартин Ивановски по само шест месеци во екипата забележа голем напредок и стана важен дел од колективот на РК Алкалоид. Средниот бек и во новата сезона ќе дели минутажа на плејмејкерската позиција, а во неа се влегува со високи амбиции и цели.

Очекувањата за новата сезона…

Очекувањата за новата сезона кај сите нас се доста високи, имаме големи цели. Сакаме да оствариме највисоки успеси во Македонија, а во Европа да влеземе во групната фаза. Тие ни се првични зацртани цели за кои сите напорно ќе работиме на овие подготовки“

Како се чувствува по шест месеци во РК Алкалоид и како гледа на тимот…

Ја завршив првата полусезона во РК Алкалоид и сум многу задоволен од брзиот напредок и од шансата која ја добив од тренерот Кирил Лазаров. Имам прилика да играм во добар клуб со големи амбиции, освоивме европски пехар и се надевам на уште една нова успешна сезона. Новите играчи кои ги добивме ќе ни донесат многу, ќе имаме доста ротација, поцврста одбрана. Ќе добиеме и на квантитет и на квалитет, што ќе биде од голема помош за нашата брза игра“

May be an image of 1 person and body building

Како гледа на шампионатот на Македонија?

Во првенството сите екипи се засилија. Очекуваме Суперлигата да биде најсилна. Ќе има борба за врвот на табелата до самиот крај и ќе биде неизвесно. Но, ние ќе се потрудиме да ги оствариме зацртаните цели, тоа се двете титули.“May be an image of 4 people and text

За амбициите во ЕХФ Европската Лига

Иако можеби сите посакувавме да го избегнеме Хановер, сепак, тоа не се случи. Не ни останува ништо друго освен да се подготвиме за нив. Имаме план, со добра физичка и тактичка подготовка имаме наши шанси. Сакаме да влеземе во групната фаза“

ПретходноСтруга ТЛ го декласира Скендербег, Компаоре со хет-трик!
СледноИлиев со капитенска лента, чиста мрежа и победа за УТА Арад, Алчевски и Деспотовски немоќни на “Маракана“!