Уште еден добар настап на нашиот репрезентативен голман Дени Илиев на голот на УТА Арад во шампионатот на Романија. Денеска на свој терен тимот на Илиев успеа да победи со 1:0 и да освои големи три бода во елитната лига на Романија против Херманштад.
Треба да се каже дека Илиев денеска на овој меч ја носеше капитенската лента, а имаше и чиста мрежа.
Марко Алчевски ќе го памети своето деби во елитната лига на Србија. Македонскиот голман вечерва на “Маракана“ прими седум голови од моќната Црвена Звезда како чувар на мрежата на ОФК Београ. На крајт резултатот гласеше 7:1, а Алчевски успеа да го спаси својот тим од уште поубедлив пораз. Во неколку наврати фантастично одбрани неколку удари.
За гостите настапи и репрезентативниот дефанзивец на Македонија Стефан Деспотовски.