Новата Македонија и вечерва, на втората контрола со Швајцарија, славеше победа и тоа со 65:52. Ова беше уште еден трениг меч за селекторот Марјан Илиевски, на кој нашата А-селекција одигра сосема квалитетно и успеа да победи во меч кој траеше 34 минути, ако се знае дека таков беше договорот меѓу двата селектори.
Вечерва нашата селекција тргна со нешто поинаква петорка од синоќа. Стартери беа Магдевски, Лука Стојановски, Мекиќ, Вајли и Симиќ. Првиот период го добија гостите од Швајцарија со 20:18. И двајата селектори менуваа и испробуваа разни варијанти. Треба да се каже дека за разлика од вчерашниот меч, го контролираа водството и во втората четвртина, па на пауза се замијна со 42:40 за Швајцарвите.
Сепак во третата четвртина Македонија заиграа поцврсто во одбраната, тогаш го свртеа резултатот и настаните на теренот, за да на крај во последната четвртина поведовме со 65:52, резултат со кој се заврши оваа средба.
Инаку овие две контроли беа како увертира за мечевите од претквалификациите за СК 2027. Првата ја играме со Романија во Куманово на 2 август.