Марјан Илиевски: „Ме радува енергијата и хемијата во репрезентацијата“

77

Нашата кошаркарска А-репрезентација успешно ги одработи подготивките во Гевгелија, притоа успеа на двете контроли да забележи и две победи во тест натпревари со Швајцарија. Подготивките продолжуваат во Скопје за да потоа репрезентацијата се пресели во Куманово каде на 2 август играме со Романија во првиот меч од претквалификациите за СК 2027.

По вечершната втора победа над Швајцариј, свое видување имаше селекторот Марјан Илиевски:

Без разлика колку поени ќе дадеме, мене ми е важно што е можно помалку да примиме. Победивме и на вечерашниот натпревар, а она што ме радува е енергијата и хемијата која функционира беспрекорно. Во однос на грешките, денес бевме далеку подобри за разлика од првиот натпревар. Она што не краси е транзицијата и фактот дека секоја играч го дава максимумот на паркетот. Имаме сега уште една недела да се подготвиме за Романија. Од она што го гледам до сега сум задоволен. Имаме уште многу работа во секој случај.“ 

За разлика од вчера, вечерва не настапија неколку кошаркари:

Дел од кошаркарите се пожалија на повреди, но во секој случај е многу тешко да ротираш 17 играчи, а да одржиш ритам. Имаше забелешки дека вчера сме дале малку поени, но ние имавме кошаркари кои имаат по 20 или 21 година и треба да ги поддржиме и максимално да ги искористат добиените минути. Денес повеќе им дадов шанса на они играчи кои ќе имаат поголема минутажа, едноставно имаше потреба тие повеќе да играат денес.“ 

Тој напомена дека ја има почетната петорка:

Двата натпревари ги започнав со различна петторка. Имам некоја визија, но радува што играчите се вклопуваат во она што се бара од нив. Многу кратко сме заедна за да веќе имам идеалната петторка. Романија се уште ја немаме анализирано, бидејќи се уште не знаеме кој ќе биде нивниот странски кошаркар, но горе-доле знаеме кои се нивните носители, но се ќе зависи од тоа кој ќе биде странскиот играч“ посочи селекторот.

ПретходноКаков удар за Дон Флорентино: Арсенал ни за 100 милиони евра не сака да му го продаде Салиба на Реал!
СледноНеверојатно: Халанд и подари на својата девојка чанта вредна 330.000 фунти!