И дефинитивно преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус се во застој. Прекината се откако агентите на Бразилецот како услов тој да го продолжи договорот со “кралевите“, кој истекува во 2027, е да ја има истата плата како и Килијан Мбапе, па колква таа и да биде.
По ова Флорентино Перез, барем така се шпекулира, им рекол на своите преговарачи да не го молат Винисиус. Ако сака да ги прифати понудените услови нека ги прифати, ако не тогаш во јуни 2026 ќе биде продаден во Саудиска Арабија на една година од истекот од договорот, а со дел од тие пари ќе се откупи Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
Дпн Флорентино не би бил тоа што е, најдобриот претседател во историјата на Реал Мадрид ако не секогаш барем една опција плус.