Тордарсон: Работам со Лазаров, и играм во држава која е ракометна

1421

Новото засилување на ракометниот клуб Алкалоид, интернационалецот од Исланд, Улфар Пал Монси Тордарсон ги сподели за официјалниот сајт на клубот, своите први впеќатоци по пристигнувањето во Македонија летово.

Како што е веќе познато, момчето кое што има 25.години пристигна во РК Алкалоид како едно од летните засилувања, и според неговите зборови е презадоволен од тоа што го видел досега.

За првиот интернационален ангажман и новиот предизвик…

„Се чувствувам одлично и возбуден сум што сум тука. Доаѓам во нов проект, во нова земја која сака и знае ракомет. Првите впечатоци се одлични. Гледав некои натпревари на Алкалоид од минатата сезона и веќе знам како игра тимот. Се игра брз ракомет и тоа доста ми одговара на мојот профил. Генерално, сакам само да победуваме. Имаме добар состав, кој сум сигурен дека ќе ме турка и јас да бидам подобар. Тоа е мојата цел со Алкалоид за следните натпревари“ – вели исланѓанецот.

За работата со Кирил Лазаров…

„Го познавам Кирил Лазаров, големо ракометно име, тој е легенда. Возбуден сум што ќе работам со него. Сигурен сум дека може да ме научи многу за ракометната игра. Тој е модерен тренер кој сака брза игра, но знам дека ќе ме научи и некоја „олд скул“ финта на теренот и ќе ми го пренесе тој менталитет.“ – се надоврзува Тордарсон.

За настапот во Европската лига на ЕХФ…

„Возбуден сум што повторно ќе играм во Европа. Претходно бев дел од Европската лига на ЕХФ каде имав добри партии и сега се надевам на добро претставување со Алкалоид, иако добивме незгоден ривал на ждрепката за квалификациите“ – вели интернационалецот…

ПретходноАморим им дава позитивни сигнали на „отпишаните“
СледноКолумбиец пристигна во Македонија ЃП