Конечно, по месеци, преговори, и одолговлекување на ситуацијата, Виктор Ѓокереш е член на тимот на Арсенал. Досегашниот напаѓач на Спортинг Лисабон се пресели во Лондон во една од најголемите трансфер саги во историјата. Сепак, сетоа тоа ќе се заборави кога тој ќе се приклучи на тимот и ќе почне со тренинзи. Токму на тој момент, се радува менаџерот на тимот, Микел Артета, кој е презадоволен што конечно работата се заврши.
„Исклучително сме среќни што го пречекуваме Виктор Гекерес во клубот. Неговата конзистентност и физичка подготвеност се исклучителни, а неговиот рекорд во постигнување голови зборува сам за себе“, рече Артета па додава.
„Виктор има многу квалитети. Тој е брз и моќен напаѓач кој постигна неверојатен број голови на клупско и меѓународно ниво. Има решителност, висока стапка на конверзија, а неговите паметни движења во шеснаесетникот го прават постојана закана за противникот“, додаде Артета.
„Воодушевени сме од она што Виктор ќе го донесе во нашиот тим и со нетрпение очекуваме да работиме со него. Со задоволство им посакуваме добредојде на Виктор и неговото семејство во Арсенал“, вели менаџерот на Арсенал.