ЕП У-18: Македонија повторно со убедлив пораз!

99
ФОТО: KFSM.MK

Втор меч на ЕП У-18 за нашата кошаркарска селекција и втор убедлив пораз. Ако вчера Македонија беше поразена од Литванија со 75 поени разлика, денеска пораз од Грција со резултат со 55:83.

Ова беше натпревар од 2.коло во групата Ц кој се одигра во малата сала во Арената во Белград.

Уште на почетокот Грците наметнаа свој ритам, веднаш покажаа дека имаат намера да го искористат својот квалитет и првата четвртина ја добија со 27:14. Во вториот период нешто слично се случуваше на паткетот па и овој период противникот го доби со 19:10. Па така на пауза македонските млади кошаркари заминаа со -23 поени разлика.

Во “второто полувреме“ подобра игра на нашите кошаркари, таа трета четвтртина заврши 20:20, но разликата не беше намалена.

На крај на семафорот стоеше Македонија – Грција, нов пораз на ова јуниорско ЕП, не така катастрофален како вчера, ама сепак убедлив пораз.

Во нашиот тим најефикасен беше Данев со 17 поени, додека Сребров и Ѓорѓевиќ запишаа по 9 поени.

Утре од 18.30 часот го играме последниот меч од групата и тоа со домашната селекција на Србија.

ПретходноАртета за Ѓокереш: Едвај чекам да соработувам со него
СледноЌе има ли трка денеска во Спа? Се чека дождот да престане!