Во трансфер од преку 20 милиони евра, од синоќа и официјално Вања Милинковиќ Савиќ премина од тимот на Торино во екипата на Наполи.
Србинот вчера пристигна во Неапол, ги направи неопходните медицински прегледи, а потоа и официјално клубот се пофали со него како нов член.
Милинковиќ Савиќ минатата сезона на 39 меча настапи за Торино, а единаесет пати не прими гол. Доаѓа во клуб кој има огромни амбиции, во секое натпреварување, и може слободно да се каже дека ја крева неговата кариера на највисоко можно ниво.