Во пријателски меч во Сингапур, Арсенал со 3:2 успеа да го победи Њукасл. Тоа беше дуел на двата „тешкаши“ во Премиерлигата. Сепак веднаш треба да се спомене дека своја одлична партија имаше 15-годишниот мега – талент на “топчиите“ Макс Доумен кој откако влезе на теренот во второто полувреме го живна нападот и ги воодушеви сите.
Овој Доумен покажа дека за брзо време ќе биде голем, голем адут на Микел Артета.
Кога сме кај стрелците да кажеме дека за Арсенал стрелци беа Мерино, Марфи си даде автогол и Одегард од пенал, додека за Њукасл стрелци беа Еланга и Марфи.
Покрај теренот тука беше и Виктор Ѓокереш, мега – засилувањето ова лето за Арсенал, кој ќе почека на своето деби.