Во пресрет на реваншот со Вардар: Лозана со гол во 90+3.минута го победи Винтертур!

163

Денеска во меч од 1.коло во елитната лига во швајцарскиот шампионат, Лозана на свој терен успеа да слави со 3:2 против тимот на Винтертур.

За нас, а посебно за Вардар ова е интересно ако се зна дека во четврток нашиот најтрофеен клуб го игра реваншот со Лозана во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. На првиот меч Вардар победи со 2:1.

Интересно е тоа што гостите во два наврати имаа водство и тоа со 0:1 и 1:2, но Лозана прво преку Диаките а потоа и преку Сене израмни на 2:2.

И така беше се до 90+3.минута кога Диаките успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на гостите и со тоа да му донесе победа на домашниот состав.

Да потсетиме, реваншот меѓу Лозана и Вардар се игра на 31 јули (четврток) на стадионот “Тулиер“ во Лозана со почеток од 20:15 часот.

Македонската фудбалска јавност очекува уште една блескава европска партија на четата на стратегот Гоце Седоски.

ПретходноПјастри извозе совршено и победи на легендарната Спа!
СледноАл-Наср на Роналдо во напад: По Жоао Феликс сега нуди 60 милиони евра и за Антони!