Во Суботица се одржа познатата трка Дужијаница, едно од најпрестижните натпревари на српската коњичка сцена, а победата ја однесе Демон Дел’Ест, коњ во сопственост на кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ. Иако Јокиќ е познат на теренот како смирен и резервиран играч, неговата емоционална страна доаѓа до израз кога станува збор за коњите.
Откако неговиот Демон Дел’Ест прв ја помина целта, Јокиќ плачеше од радост. Тој гордо стапна на патеката за да ја прослави големата победа.
Медиумите го снимаа Јокиќ неколку пати во последните недели на разни хиподроми, каде што тој ентузијастички ги следи и ги слави настапите на своите коњи. За Јокиќ, кој веќе има освоено титула во НБА, повеќе пати бил MVP и се стреми кон олимписки медал со националниот тим, коњичките спортови не се само хоби, тие се негова страст.
🃏 Nikola Jokić u suzama nakon pobede na čuvenoj Dužijanci u Subotici! pic.twitter.com/2gOWM9YZj8
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) July 27, 2025