Петар Николоски потпиша тригодишен договор со Бутел! (ФОТО)

25
ФОТО: RK Butel/FB

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Петар Николоски, во иднина ќе настапува за тимот на Бутел Скопје.

Николоски, кој потекнува од Охрид и има само 16 години, а му се предвидува одлична ракометна иднина, потпиша на три сезони со клубот кој и следната сезона ќе настапува во нашата ракометна Суперлига.

Бутел Скопје ја продолжува својата мисија, да промовира млади македонски ракометари и да им дава шанса да ги покажат своите квалитети.

ПретходноГоран Станиќ: Со Масар Омерагиќ се договоривме за две минути! (ВИДЕО)
СледноАртета за Ѓокереш: Едвај чекам да соработувам со него