Денеска во Кобе (Јапонија), Барселона го одигра својот прв подготвителен пријателски натпревар во пресрет на претстојната 2025/26 сезона. Славеше над домашниот состав со 1:3,но сепак и покрај тоа што настапија сите ѕвезди, тимот на Ханси Флик не дојде така лесно до победата.
Во 33.минута Ерик Гарсија донесе водство од 0:1, за да цо 42.минута Мијаширо израмни на 1:1.
И така беше се до 77.минута кога Рони Барџи во својот деби настап го постигна првиот гол за Барса и донесе водство од 1:2. Потоа Фернандез со гол ги постави конечните 1:3 за каталонскиот гигант, кој има само 17 години и ова за него беше деби настап за Барса и прв гол за првиот тим.
Дебитираше и Маркус Рашфорд, кој имаше и шанси за гол. Влезе во игра во 46.минута место Рафиња, а излезе од теренот во 78.минута.
Roony will never forget this day 🥹 pic.twitter.com/cDDNUD6wJ3
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 27, 2025