Јунајтед добитен на првиот меч од летната серија во САД (ВИДЕО)

230
FOTO MAN UTD FB

Екипата на Манчестер Јунајтед со конечни 2:1, успеа да го совлада тимот на Вест Хем и на тој начин да обезбеди триумф на пријателските мечеви кои летово ќе ги одигра во САД.

Двата гола за Јунајтед ги постигна Бруно Фернандеш, а мора да се спомене и фактот дека на овој меч за тимот дебитираше и Матеус Куња.

Мечот кој што се играше на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд беше интересен за гледање, а Јунајтед со гол од пенал поведе уште во петтата минута. Во 52. минута пак, Коби Меино го пронајде Бруно на работ од шеснаесетникот, а португалскиот играч за врска го совлада Ареола со убав удар од полудистанца.

Вест Хем на половина час до крајот намали преку Бовен.

На вториот премиерлигашки дуел во САД кој се одигра вчера  Борнмут го победи Евертон со 3-0.

 

ПретходноГоран Андреевски: Како селектор нема да барам никакви оправдувања за лошата игра
СледноЈапонски тинејџер постави нов светски рекорд на сто метри (ВИДЕО)