ЛШ: Шкендија во Букурешт ќе игра за историја, ама и за најмалку 5 милиони евра!

935

Во среда навечер од 19:30 часот на Националната Арена во Букурешт тимот на Шкендија го игра еден од најважните свои натпревари во клупската историја, ако не и најважен.

Имено македонскиот шампион го делат само 90 или 120 минути од историја, од пласман најмалку во Лигашката фаза во едно европско клупско натпреварување.

Тоа е пандан до лани на она групна фаза кое сега веќе не постои, него тоа е лигашка фаза.

По оние 1:0 во Скопје во првиот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ против ФЦСБ (Стеауа), во Букурешт треба да се издржи, да се одигра нерешено или да се победи, или пак да се загуби со еден гол разлика па да се оди во продолженија или пенали, па таму да се бара минување во следната фаза.

Уште еднаш, ако Шкендија успее да го елиминира ФЦСБ тогаш ќе се пласира во 3.квалификациско коло, но воедно ќе обезбеди и најмалку пласман во Лигашката фаза во ЛК (групна фаза).

Покрај ова Шкендија игра и за 5 милиони евра, најмалку. Ете таа е сумата која тетовци ќе ја добијат од УЕФА за да го елиминираат романскиот гигант и се пласираат најмалку во лигашката фаза во ЛК.

И уште еднаш да се потсетиме. Ако Шкендија успее да го мине ФЦСБ ќе игра во 3.квалификациско коло во ЛШ против подобриот од двомечот меѓу Шелбурн и Карабах а со тоа автоматски си обезбедува пласман во лигашката фаза во ЛК.

Сепак и ако не успее да го мине ФЦСБ, тогаш ќе игра во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа со поразениот тим од двомечот меѓу Копенхаген и Дрита, а тоа значи дека автоматски ќе си обезбеди пласман во плеј – офот во ЛК, и ќе игра дополнително за пласман во лигашката фаза во ЛК.

Сепак и во Шкендија а цела македонска фудбалска јавност посакуваат да се оствари првата варијанта.

За оние кои ја сакаат истотријата, традицијата и бројките, тогаш да се потсетиме на тоа како беше летото 2018 во квалификацциите во ЛШ.

Се некако ова лето, барем за Шкендија, потсетува тоа што се случи пред седум години.

Тогаш Шкендија во 1.квалификациско коло во ЛШ го елиминира ТНС (како и сега). Тогаш во првиот меч од следната рунда дома славеше против Шериф со 1:0 (како и сега со ФЦСБ), а во реваншот беше 0:0.

Уф, ќе биде прекрасно и во среда да биде 0:0 во Букурешт.

И тогаш Шкендија во 3.квалификациско коло во ЛШ играше со Салцбург, па нека игра и сега во третата рунда во квалификациите во ЛШ, секако дека нема да имаме против.

ПретходноЈамал ја сефтоса “десетката“ на Меси, Марадона…! (ФОТО)
СледноПјастри извозе совршено и победи на легендарната Спа!