Пјастри извозе совршено и победи на легендарната Спа!

40
ФОТО: Formula 1/X

Оскар Пјастри од Мекларен е победник на трката за ГН на Белгија која се возеше на легендарната патека Спа. Веднаш да кажеме дека оваа трка место во 15 часот започна во 16:20 поради силните врнежи од дожд. Немаше вообичаен старт туку тоа беше “летечки старт“, а првите четири кругови се возеа зад безбедносното возило.

Сепак трка имаше и беше и тоа како интересно, но не и толку спектакуларно како што се очекуваше поради дождот.

Пјастри со својот Мекларен извозе совршена трка и затоа на крајот и победи.

На второ место се најде неговиот тимски колега Ландо Норис, а на подиумот имаше место и за Шарл Леклер на Ферари.

Светскиот првак, Макс Верстапен заврши на четвртото место.

ПретходноЛШ: Шкендија во Букурешт ќе игра за историја, ама и за најмалку 5 милиони евра!
СледноВо пресрет на реваншот со Вардар: Лозана со гол во 90+3.минута го победи Винтертур!