
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев денеска слави роденден. Полни 42. години, и ужива во заслужената фудбалска пензија. Гранде Пандев веќе извесно време е надво од фудбалските терени, и сега има сосема нова улога. Вклучен е во највисоките раководни структури на Фудбалската Федерација на Македонија, и е ставен во функција на подобрување на нештата во мак фудбалот.
Дел е од тимот на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ кој што ја презеде функцијата пред неколку месеци, и околу себе го собра најдоброто од фудбалски аспект што Македонија го има.
Тоа секако во прв ред го вклучува и Пандев кој има полни раце работа, и кога станува збор за репрезентацијата, каде што е назначен за директор, а и со лобирање и агитација околу сите планирани проекти во следниот период.
Гранде среќен роденден и уште долги години да ја радуваш нацијата како што тоа го правеше повеќе од две децении на фудбалскиот терен.