Македонски судија брутално нападнат на Европското младинско првенство во бокс (ВИДЕО)

561
фото:Screenshot/YouTube

Од Србија доаѓаа ужасни вести. Македонскиот судија, Стефан Цубалески беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство во бокс кое се одржа во Златибор.

Големиот скандал се случи во финалето до 75 килограми каде силите ги одмерија Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан. Тренерот на боксерот од Азербејџан незадоволен од одлуката на нашиот судија, прво вербално го нападна, а потоа влезе во рингот и почна да го дави и да го удира. Овој момент го видоа голем број на малолетни деца, инцидентот се случуваше пред нивни очи.

Мечот беше прекинат, Јусуф Агакишијев дисквалификуван па златниот медал му припадна на Виктор Мајсторовиќ.

Моментот на давење може да го погледнете на 3:32:01 од видеото на следниот линк:
ПретходноФлик го понижи Тер Штеген покажувајќи што мисли за него
СледноОфицијално: Калц е новиот тренер на Шкендија Арачиново! (ФОТО)