Официјално: Калц е новиот тренер на Шкендија Арачиново! (ФОТО)

384
ФОТО: KF Skendija Aracinovo/FB

Иксусниот Љупчо Марковски – Калц и официјално е новиот тренер на Шкендија Арачиново. Откако е повратникот во ВМФЛ се раздели со својот досегашен стратег Шабан Сулејман, се одлучи за нов шеф на струката да го назначи некогашниот капитен на Вардар и екс репрезентативец. Познато и признато име во мак – фудбалот.

Инаку што се однесува до тренерската кариера, Марковскиво неколку наврати беше тренер на Скопје, кусо време беше стратег на Работнички, беше и во Тетекс како и во Академијата на Вардар.

Среќен сум што се приклучувам на сериозен клуб како Шкендија Аачиново. Се разбира дека заедно со директорите и играчите ќе работиме напорно со цел за да го подигнеме тимот на уште повисоко ниво“ посочи Калц.

ПретходноМакедонски судија брутално нападнат на Европското младинско првенство во бокс (ВИДЕО)
СледноПрвиот противник на Македонија во претквалификациите во Бугарија ја „билда“ самодовербата