Бомба во Леверкузен до 2030 година

143
Фото:https://x.com/UBK__official

Леверкузен објави дека го завршил трансферот на 17-годишниот Рајмонд Бомба од Мали.

Како што беше објавено во официјалното соопштение, Бомба ќе се пресели во Леверкузен штом ќе стане полнолетен, во март 2026 година, а потпиша договор до летото 2030 година.

Бомба е напаѓач кој моментално игра за Клуб Спортиф де Бамако во својата татковина, а неодамна играше на Африканскиот куп до 17 години, каде што ги импресионираше скаутите со два гола и шест асистенции.

Според медиумите, Леверкузен платил 1,5 милиони евра за Бомба.

Ова е дури петтото засилување до 20 години на овој германски клуб во тековниот преоден рок.

ПретходноПрвиот противник на Македонија во претквалификациите во Бугарија ја „билда“ самодовербата
СледноИлиевски: Ме радуваат енергијата и хемијата – функционираат беспрекорно!