Браќата Трсунови се нови членови на РК Бутел! (ФОТО)

56
ФОТО: RK Butel/FB

Браќата Атанасиј и Архангел Трсунови се нови членови на Бутел Скопје со што овој клуб ја продолжува праксата на ангажман на млади македонски ракометари во составот.

Близнаците доаѓаат од младинската школа на Е. Пелистер, имаат по 17 години, а зад себе веќе имаат запишано настапи против Барса, ГОГ Гудме, Келце…во младинската Лига на шампиони.

Атанасиј настапува на голманската позиција, додека Архангел игра на сите бековски позиции. Двајцата се наоѓаат на поширокиот список на машката кадетска репрезентација на Македонија, а со битолскиот клуб имаат освоено многу признанија во младинските категории.

Двајцата потпишаа договори со Бутел Скопје на три сезони и ќе останат во тимот на Горан Кузманоски најмалку до 2028 година.

ПретходноЛоши вести за Ембид, се шпекулира за крајот на неговата кариера?
СледноНорис ја откри причината за поразот од Пјастри: Не е проблем батеријата