Женското Европско првенство со рекорден број на навивачи

25
Фото: УЕФА

На Европско првенство во фудбал за жени е поставен нов рекорд по бројот на продадени билети за континентално првенство.

Англиските фудбалерки ја освоија титулата Европско првенство по изведувањето на пенали против Шпанките.

Финалниот натпревар се одигра пред распродадена публика на стадионот „Св. Јакоб“ во Базел со капацитет од 34.000 седишта.

Дури и пред финалниот натпревар, рекордот за бројот на продадени билети беше срушен, во споредба со претходното првенство, кое се одржа во Англија во 2022 година.

Вкупно 574.875 навивачи ги гледаа натпреварите на тој турнир од трибините, додека неодамна завршеното првенство во Швајцарија го гледаа 657.291 фудбалски навивачи.

Уште два рекорда беа срушени – за бројот на навивачи на четвртфиналните натпревари.

Натпреварот Шпанија-Швајцарија во Берн го гледаа од трибините 29.734, додека на натпреварот Франција-Германија во Базел имаше уште повеќе – 34.128 навивачи.

Во просек, на секој натпревар од Европското првенство за жени биле присутни 21.000 навивачи, што е навистина импресивна бројка и уште еден показател за галопирачката популарност на најдобриот женски фудбал во Европа.

ПретходноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ, ВМФЛ и Купот е во среда во 12 часот!
СледноПројковска ќе суди полуфинале на Копа Америка!