Илиевски: Ме радуваат енергијата и хемијата – функционираат беспрекорно!

85
Фото: КФСМ

Македонската кошаркарскаа репрезентација по еден ден одмор денеска во Скопје продолжува со вториот дел од подготовките за претквалификациите за СП 2027 година каде силите ќе ги одмери со Романија и Унгарија.

Селекторот Марјан Илиевски со мини-анализа на сработеното во изминатите денови, вклучително и двете успешно реализирани „контроли“ против репрезентацијата на Швајцарија.

„Јас секогаш ќе се согласам и ќе кажам дека без разлика колку поени сме дале, треба што помалку да примиме. Тоа што ме радува е енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата. Во однос на загубените топки бевме подобри од првиот меч.

Дел од играчите се жалеа на болка, и затоа не беа во конкуренција. Забелешката која ја имаат некои се кошевите кои се постигнати помалку, а имавме кошаркари кои се на 20. годишна возраст кои треба да ги поддржиме.

Нормално е да има пад на играта кога ќе бидат на теренот. На двата меча почнавме со различни петорки, но веќе имаме визија кој и колку може. Меѓутоа, многу кратко сме заедно за да фаворизирам некои пет играчи.

Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот. Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа“.

Овие денови кои се пред нас, почнувајќи вечерва (од 18.часот), во „Кале“ ќе бидат посветени на анализирање на првиот противник во претквалификациите – Романија, дуел кој се игра на втори август во Куманово.

„Романија сè уште не сме ја анализирале, зашто не знаеме кој е нивниот странски играч, иако веќе знаеме кој е носител на нивната игра, па тоа ќе го видиме во следните денови“ – дополнува Илиевски.

ПретходноБомба во Леверкузен до 2030 година
СледноПешиќ го објави списокот, Србија со Јокиќ по златото на ЕП