Македонскиот судија кој беше нападнат: Можев да возвратам, ама ќе бев суспендиран!

332
фото:Screenshot/YouTube

По немилиот настан кој се случи на ЕП во бокс кој се одржа на Златибор, кога македонскит судија Стефан Цубалевски беше физички нападнат во рингот, тој преку социјалните мрежи имаше што да каже.

Се чини дека и добро е што не возврати.

Реакцијата на македонскиот боксерски судија ви ја пренесуваме во целост:

Едно мое кратко излагање околу вчерашниот немил настан!!!

Во периодот од 23.07 до 27.07. 2025 г. во Златибор – Р. Србија се оддржа Европско првенство за кадети-празник за спортот. Европско првенство кое беше организирано на високо ниво од страна на домаќинот, се беше перфектно се до оној момент, последната борба на ова првенство помеѓу репрезентативците на Србија и Азербејџан кое требаше да биде шлаг на врвот. Гледам различни мислења по сите портали, па да појаснам за оние кои не се упатени толку во овој спорт, јас сум судија од највисок ранг, ИБА судија 3 звезда, боксерот на Азербеџан од моја страна беше предупреден со интерни опомени 4 пати каде што морав да реагирам со јавна опомена која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата (фрљотки). Веднаш по ова неговиот тренер влезе во рингот да се пресмета физички и ме фати за кошулата, фала ви на сите пријатели што се јавивте, немам никаква повреда ни видлива ни потешка. За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати, според правилата на ИБА (бокс светската организација) доколку вратам и јас ќе бев суспендиран, вака тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, на него му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба на неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното!!!

И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел затоа што мојот одземен бод е со право одземен, за тоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на Азербеџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка!!!

ПретходноОдбојкарките со порака: “Секој добар натпревар е поголем мотив за нас“
СледноПромоција: Пелистер се засили со Лука Булатовиќ! (ФОТО)