Кошаркарската репрезентација на Србија ќе биде дел од претстојното Европско првенство. Селекторот, Светислав Пешиќ денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за овој шампионат, а меѓу нив се најде и Никола Јокиќ. Центарот на Денвер го потврдил своето присуство, што пак ја прави оваа земја еден од фавортите за медал.
Повикани кошаркари: Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Урош Трифуновиќ, Никола Топиќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Тристан Вукчевиќ, Балша Копривица и Ален Смаилагиќ.
Српската репрезентација е во групата А со Португалија, Естонија, Латвија, Турција и Чешка и ќе ги игра своите натпревари во Рига.