Промоција: Пелистер се засили со Лука Булатовиќ! (ФОТО)

146
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Од вечерва и официјално Пелистер има нов член во името на Лука Булатовиќ (26). Тој е интернационалец од Србија кој досега во својата кариера играл за екипите на Раднички Срем, НД Горица, како и во неколку клубови во Грција.

Може да игра на левата бековска позиција, но стратегот Димитар Капинковски може да го користи и како лево крило.

Инаку Пелистер ова лето и тоа како е активен на трансфер пазарот, новото раководство на клубот се обидува да донесе квалитетни фудбалери.

Ќе видиме на крајот дали успеало во тоа.

ПретходноМакедонскиот судија кој беше нападнат: Можев да возвратам, ама ќе бев суспендиран!
СледноПетковиќ со шокантна изјава: “Бобан има биполарно пореметување, тој не може да уринира по мојот образ“!