Нашата судијка Ивана Пројковска доби големо признание од КОНМЕБОЛ. Имено таа е одредена да биде главен судија на полуфиналето на женската Копа Америка на мечот меѓу Колумбија и Аргентина.
Овој натпревар се игра денеска со почеток во 19 часот по македонско време во Кито. Нејзини помошнички ќе бидат Џулиа Темпестили и Ирагарце Фернандез Есесумага.
Секако дека ова е големо признание за Ивана Пројковска која беше одредена од УЕФА да суди на Копа Америка благодарение на соработката и размената на судии меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ.